На 13.05.2015 година, се одржа втората седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со седницата раководеше претходно изгласаниот претседател м-р Дарко Петровски, Претседател на надзорен одбор на Македонска асоцијација за човечки ресурси. Оваа седница имаше свечен карактер бидејќи беа доделени Одлуките за сите членови на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Одлуките ги доделуваше проф. д-р Стоилковска, како претставник на оснивачот.
Членовите на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси дадоа конструктивни предлози за промени во наставната програма и како наша досегашна практика, истите ќе бидат разгледани на следниот Наставно научен совет и се разбира оние предлози кои ќе бидат усвоени, ќе бидат и имплементирани во истата.
vtor-sostanok-na-odborot-za-sorabotka-i-doverba-so-javnosta-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi