Во просториите на Стопанската комора на Македонија на 01.02.2016 година се одржа прес конференција на која беше претставена Македонската рамка за квалификации. На прес конференцијата освен медиумите имаа можност да присуствуваат и студенти од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Како претставници од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, присутни беа Деканот на Проф. д-р Александра Стоилковска и Асс. м-р Гордана Серафимовиќ како и пет студенти од истиот факултет.
По пресконференцијата беше одржана и презентација на тема: „Образовниот систем и националната рамка за квалификации“ на која претставниците од Министерството за образование, г-ѓа Наташа Јаневска, државен советник за образовни политики и г-дин Борчо Алексов, директор на националниот одбор за МРК, го претставија концептот, состојбите во Република Македонија како и планот за имплементација на проектот.
Македонската рамка за квалификации, која е усвоена според Европската рамка на квалификации, претставува линк помеѓу различните системи на квалификации во светот, со што се зголемува мобилноста на поединците, како во процесот на образование, така и на пазарот на трудот.
На web-страната www.mrk.mk се поставени сите информации во врска со овој проект и детален извештај за упатување на Македонската рамка за квалификации со Европската рамка за квалификации и само-потврдување на Рамката за високообразовние квалификации.
Универзитетот за туризам и менмаџмент зема активно учество во дебата која се отвори по презентацијата. Најголем дел од активностите предвидени со овој проект се ваќе имплементирани во работата на Факултетите на УТМС, така што претставниците од Универзитетот ги презентираа практичните искуства во поглед на тоа.
utms-na-prezentacijata-na-nacionalniot-odbor-za-makedonskata-ramka-za-kvalifikacii