СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ НА ПРАКСА ВО КОМПАНИЈАТА „БАСМЕ“

    Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, и оваа година продолжува со воспоставената практика на своите студенти да им овозможува практична работа во реномирани компании, каде имаат можност да го практикуваат теоретски стекнатото знаење.

    „БАСМЕ“ е приватна компанија, која обезбедува обуки и професионален менаџмент консалтинг.

    Како пионер во менаџмент консалтингот и обука во Република Македонија, компанијата „БАСМЕ“ има изградено национална и меѓународна мрежа на партнери, со кои зањдно обезбедува широк спектар на услуги за домашени и странски клиенти.

    Во оваа компанија својата пракса ја изведуваат двајца студенти од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, односно редовни студенти од втора година, кои во компанијата работат врз основа на потпишаниот договор за соработка помеѓу Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и компанијата.

    Со задолжителната пракса студентите стекнуваат дополнителни вештини и компетенции извршувајќи редовни работни задачи во рамките на секторите во кои се распределени. Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

    Како ментор на студентот од Универзитетот е асистентката м-р Гордана Серафимовиќ, додека ментор од компанијата ДОО “Басме“ е м-р Бети Деловска.

    studentite-od-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-na-praksa-vo-kompanijata-basme

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај