ДОДЕЛЕНИ ДЕКАНСКИ ПОФАЛНИЦИ НА ФМЧР ЗА АКАДЕМСКАТА 2016/17

    Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, на својата последна седница на Наставно- научниот совет, според методологијата на студирање, донесе одлука за доделување на декански пофалници на шест најдобри студенти. Традиционално по повод завршувањето на академската 2016-2017 година на Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје беше одржана свечена церемонија на 09.06.2017 година. Деканските пофалници ги додели деканот на факултетот, проф. д-р Александра Стоилковска.
    Со титула SUMMA CUM LAUDE беа наградени студентите: Драган Антовски, Валерија Цветковска, Милош Лазаревски и Христина Дамовска.
    Со титула MAGNA CUM LAUDE беше награден студентот Илија Илиевски, додека студентите Елена Нинкикева, Симона Копчаревска и Ана Димовска добија деканска пофалница за посебен придонес кон активностите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

    dodeleni-dekanski-pofalnici-na-fmchr-za-akademskata-2016-17

    Поврзете се со нас

    Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

    • contact@utms.edu.mk

    Фондација и стипендии

    Галерија

    Newsletter

    Enter your email and we'll send you more information

    © Copyright UTMS 2018.

    Пребарај