На ден 08.11.2017 со почеток во 10:00 часот, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, обука на тема „Информациски системи за менаџирање на таленти“ одржа Емили Локвенец – експерт за софтверски решенија за менаџирање со човечки ресурси.
Целта на обуката беше студентите од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, да се запознаат со професионални софтверски решенија за човечки ресурси. Студентите имаа можност да го совладаат делот од апликацијата кој е достапен за секој вработен, а кој е во суштина портал, преку кој вработениот се информира, си ги прегледува своите матични податоци во персоналното досие, ги гледа оценките кои ги добил за своето работење, може да аплицира за годишен одмор или отсуство.
HR Portal-от му овозможува на секој вработен да го погледне своето досие, но и да комуницира со Секторот за човечки ресурси за сите новости и евентуални прашања преку маил или да комуницира со своите претпоставени за некои барања.
Како идни менаџери за човечки ресурси, студентите практично можеа да се запознаат со работата на одделот за човечки ресурси, кој преку овие апликации успешно го менаџира и времето и своите вработени.
obuka-na-tema-informaciski-sistemi-za-menadjiranje-na-talenti