„Многу менаџери ќе се согласат дека менаџирањето со луѓе е најголемиот предизвик во секојдневната работа. Не постои таен рецепт или пишани правила за најдобро менаџирање на човечките ресурси. Потребно е време, трпение и енергија за да се создадат продуктивни, проактивни и задоволни вработени“. Вака го започна своето предавање на тема: „Улогата на Менаџерот за човечки ресурси во организацијата“ пред студентите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, г-ѓа Магдалена Лешковска Крстеска, Менаџер за човечки ресурси во германската компанија Кастел - Охрид и член на Советодавниот одбор на факултетот.
На големо задоволство на студентите од споделување на практичните искуства од секојдневното работење и предизвиците со кои се соочува менаџментот на човечки ресурси, гостинката предавач го истакна значењето на овој оддел за градење на силна организациска култура и посветен тим заради остварување на стратешките цели на организацијата.
Предавањето од еминентен стручњак во полето е едно од многуте предавања кои Факултетот за менаџмент на човечки ресурси ги има предвидено во својата Годишна програма, а со цел овозможување на студентите да ги прошират своите знаења со практични искуства, а истовремено и да ги продлабочат своите знаења стекнати со изучувањето на предметните програми на факултетот.
-odrzhano-predavanje-na-magdalena-leshkovska-krstevska-chekor-za-priblizhuvanje-na-studentite-od-nashiot-fakultet-do-potrebite-na-stopanstvoto-i-opshtestvenata-zaednica