На 06.12.2011 година, во рамките на „Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје", формиран е Advisory Board – советодавно тело кои брои 12 членови. Ова тело е оформено со цел да даде професионална и апликативна поддршка во работата на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси. Советодавното тело е составено од искусни професионалци од областа на менаџментот на човечки ресурси, кои ќе придонесат во подобрување на компетитивноста на студентите и нивно оспособување за ефикасно и ефективно менаџирање на интелектуалниот капитал. Членовите на Бордот, на состаноците ги разгледуваат актуелните предизвици од областа на менаџментот на човечки ресурси како и развиваат разни истражувачки иницијативи. Со формирањето на советодавното тело „Универзитетот за туризам и менаџмент", е единствен и оди чекор понапред од останатите институции.
На 19.03.2015 година Бордот (Одборот за соработка и доверба со јавноста) на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси е ажуриран и усогласен со новиот Закон за високо образование на РМ. Во него членуваат актуелни професионалци од областа на човечките ресурси, претставници од МОН и Општина Карпош, како и делегиран претставник од основачот.