За факултетот

Можеби најсуптилниот и најсензибилниот предизвик со кој може да се соочите во своето работење е менаџирањето со човечките ресурси. Помина времето кога луѓето го даваа приоритетот за успешност на организацијата на финансиите! Можете да имате најубави и најскапи машини и најуредени простории, модерни канцеларии, но сето тоа нема да ви ја заврши работата доколку немате соодветни луѓе! Кадарот е она што ја прави организацијата вредна!

За да знаете да формирате добри тимови составени од компетентни професионалци, за да знаете како да го водите тимот, да создадете пријатна клима за работа, да го извадите максимумот од вработените преку нивно мотивирање, како и да знаете да ги делегирате значајните задачи и сектори на вистинските луѓе, вам ви се потребни вештините за менаџирање со интелектуалниот капитал, односно со човечките ресурси!

Секоја сериозна организација која веќе ја осознала улогата и значењето на менаџерите со човечки ресурси за успешно водење на една организација во современи услови на живеење веќе имат формирано и посебен сектор за менаџмент со човечките ресурси. Вакви кадри во нашата држава НЕМА! Факултетот за менаџмент со човечки ресурси образува токму вакви кадри.

За нас не постојат несовладливи препреки и нерешливи задачи. Факултетот за менаџмент со човечки ресурси ќе ве оспособи за оптимално поврзување на материјалните и човечките фактори со кои располага една организација, а со цел постигнување на максимални производни и економски резултати. Луѓето, нивните потреби, мотивацијата и задоволството се во центарот на вниманието на менаџментот со човечките потенцијали бидејќи стана јасно дека хуманиот капитал претставува главно орудие на конкурентската способност и предност на глобалниот пазар. Потребите на индивидуата и факторите кои ги мотивираат станаа објект на интензивни истражувања и анализи од кои произлегуваат многу мотивациски теории.

Стекнете со знаење за менаџирање со интелектуалниот капитал и станете менаџер по човечки ресурси!

Визија

Факултетот за менаџмент на човечки ресурси има за визија да стане водечки производител на менаџерски кадри за сите бизнис сфери во државата, а преку препознатливоста на дипломте и во странство, преку што ќе се обезбеди меѓународно реноме оваа високонаучна институцијата.

Мисија

Мисијата на Универзитетот е да обезбедува високо образование преку кое студентите ќе се запознаат со предизвиците и ризиците кои ги носи со себе менаџирањето со кадри, за последните и актуелни состојби и достигнувања во земјата и во светот, а со тоа да придонесе за развој на економијата во државата. Мисијата на Факултетот, како општествено одговорна институција, го обврзува да ги поддржува и генерира сите истражувачки и останати активности, во интерес на развојот на менаџерската свест на населението и добивање на информации за менаџерите со кои ќе донесуваат добри одлуки на човекови ресурси – одлуки за тоа како да обучуваат, мотивираат и наградуваат членови на организацијата

Вредносен систем

Вредностите кои Факултетот ги промовира се:

- Унапредување на соработката со стручни соработници со соодветни компетенции, со цел унапредување на наставата;

- Унапредување на соработката со малите, средни, како и големи корпорации во земјата и странство како и со стручни соработници со соодветни компетенции;

- Вклучување на Факултетот во проекти за кои ќе се процени дека придонесуваат кон подобрување на квалитетот на знаења и вештини на студентите како и во проекти преку кои студентите ќе можат да ги експонираат индивидуалните способности, таленти и сл;

- Промоција на менаџментот со човечки ресурси во земјата преку организирање на разни стручни трибини и предавања со релевантни учесници;

- Промоција на Факултетот во јавноста и поврзување и соработка со сродни факултети во странство.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • +389 (2) 3093209

  • +389 (2) 3093213

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Enter your email and we'll send you more information

© Copyright UTMS 2018.

Пребарај